More

    Моментално испораките на гас до Македонија се одвиваат нормално

    spot_img

    Не се знае што планира владата во однос на снабдувањето со гас, ако Русија одлучи во планот за намалување на испораките на гас или евентуално целосно запирање на вентилите да ја вклучи и земјава. Досега 12 земји од ЕУ го почувствуваа намалувањето на испораките на руски гас, а Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека е можно до крајот на годината Русија да ги затвори вентилите за гас за да ја притисне Унијата. Европа се обидува да ги наполни подземните складишта за гас пред зимата, а експерти предупредуваат дека целосното прекинување на испораките на руски гас би можело да ги зголеми цените на гасот и дополнително да ја зголеми инфлацијата.

    За разлика од Европа земјава нема услови за складирање на гас, а плановите за снабдување за следната година и грејната сезона не се обелоденуваат.

    Моментално испораките на гас до Македонија се одвиваат нормално, а од „Макпетрол“ велат дека нема најава од страна на „Газпром“ за намалување на договорените испораки.

    – „Макпетрол“ ги има обезбедено потребните количини гас за своите потрошувачи до крајот на годината. Засега нема најава од „Газпром“ за исклучување – кусо ни изјавија од компанијата.

    Вториот и најголем увозник на природен гас во земјава ТЕ-ТО засега не кажува на кои рокови се договорите за испорака на гас иако 80 отсто од потребите на природен гас во земјава е нејзиниот увоз, додека останатите 20 отсто ги увезува „Макпетрол“.

    Од Владата, иако поставивме прашање, оттаму не одговорија какви планови имаат ако Русија ги затвори вентилите за гас и за Македонија.

    Земјава, сепак, може да има криза во снабдувањето со гас, ако Русија одлучи да ја запре испораката, бидејќи 90 отсто од гасот доаѓа од Русија. Притоа проблем од тоа би имале ТЕ-ТО како најголем корисник на природен гас во земјава, компаниите во технолошко индустриските зони и во Скопје како и градовите Куманово и Струмица.

    Најголем проблем од намалувањето или целосното запирање на испораката на гас од Русија земјава би имала во обезбедувањето топлина за Скопје бидејќи гасот е главен енергенс за работа на топланите во главниот град со резервна опција мазут. Но моменталните преокупации на државата околу топлењето на скопјани е обезбедувањето нов снабдувач со топлина бидејќи БЕГ остана без лиценци. Последната грејна сезона државата преку ЕСМ го плати гасот за парното на скопјани.

    Годишно земјава троши по околу 300 милиони кубни метри гас. Преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони кубни метри природен гас годишно.

    Регулаторната комисија за енергетика има издадено 15 лиценци за трговија со природен гас, 2 лиценци за снабдување со природен гас, како и една лиценца за снабдување со природен гас во краен случај.

    Енергетските експерти посочуваат дека Македонија и во наредниот период нема да може да смета на некоја позначајна алтернатива, бидејќи нема капацитети за складирање на гасот, како и фактот дека нема и инфраструктура и технологија за евентуална испорака, преработка и складирање на течен гас кој би се набавил од САД.

    Единствена алтернатива моментално ставена на располагање на Владата за надминување на евентуална криза со снабдување со гасот е новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас која се најави на состанокот во Софија, откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан.

    Новата регионална платформа треба да се справи со регионалните потреби за гас и за струја, инфраструктурата, цените и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија. Но не се знае кога ќе профункционира таа.

    Македонија како подолгорочно решение за снабдување со гас го гледа и вклучувањето во проектот за изградба на терминал за течен гас во Александрополис, Грција, но до конечната реализација на овој проект сепак, ќе помине уште време.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img