More

    Можеби ќе платат поскапо ама нема да се занимаваат со папирологија

    spot_img

    Проблеми со обезбедување на потребната документација, но и крајна неинформираност на субјектите е причината поради која голем дел од училиштата, јавните водоснабдувачки претпријатија и фирми од прехранбениот сектор не побарале да ја користат мерката – субвенционирана струја.

    На повикот, како што информираа вчера надлежните, се пријавиле 233 од вкупно 471 основно и средно училиште, 50 од вкупно 70 водоснабдувачки претпријатија и 233 од планираните 1.000 компании од прехранбениот сектор.

    Претседателот на здружението на мелничко-пекарската индустрија на Стопанската комора, Горан Малишиќ вели дека 99 отсто од големите компании кои и самите бараа да добијат субвенционирана струја, веќе поднеле документи, но дали ги исполниле условите не може да каже.

    – Имам информација дека повеќе од 600 компании поднеле документи, но колку од нив ги исполниле условите и ги поднеле потребните документи, не можам да кажам. Сметам дека 99 отсто од компаниите од секторите кои се опфатени со оваа владина мерка ќе поднесат документи, ако не да ја користат субвенцијата од декември, барем од јануари следната година. За оваа мерка, да потсетам, не можат да аплицираат компаниите кои имаат инсталирано фотоволтаици, а има и некои други критериуми, кои можеби влијаеле на тоа фирмите да се повлечат од аплицирање. Некои компании не можеле да ги пополнат документите во рокот, но мислам дека сите се заинтересирани за оваа мерка. Впрочем, ние ја баравме – вели Малишиќ.

    Во однос на намалувањето на цената на производите, од 1 декември, Малишиќ вели дека првите намалувања можеби ќе ги има во втората половина на месецот.

    – Компаниите треба да ги направат пресметките колкаво е учеството на струјата во цената на производот и според процентот на учеството да ги намалат цените. Некаде намалувањето ќе биде 5, некаде 10 отсто, но можно е да има и намалување од 3 отсто. Сето тоа ќе зависи и од влезните цени на репроматеријалите кои имаа свој удел во зголемувањето на цените. Едноставно кажано, ако цената на репроматеријалите расте може и да нема намалување на цената на производите – додава тој.

    Од Сојузот на стопански комори, исто така, велат дека нивните членки кои се опфатени со мерката или аплицирале или дополнително ќе аплицираат во следните месеци.

    – Поголемиот дел од компаниите кои поднесоа апликации чекаат одговори дали ќе можат да ја користат мерката. Дури откако ќе ги добијат одговорите ќе знаеме колку наши членки ја користат – велат од ССК.

    Причина за малиот интерес на јавните претпријатија и училиштата за користење субвенционирана струја, барем во дел од општините, е обемната документација и краткиот период во кој ќе може да се користи субвенцијата, но дел од општините велат дека можеби и не се доволно информирани.

    – Основните и средните училишта во Тетово нема да ја користат оваа мерка на владата, бидејќи има обемна документација за која не сметаме дека треба да се ангажира целата администрација, а користењето на мерката е само за 4 месеци. Училиштата веќе ги потпишаа договорите со компанијата која го доби тендерот за снабдување со струја и сега е договорено поевтинување од 10 отсто кое ќе влезе како анекс во договорите. Инаку, цената на оваа и струјата која се нуди од владата како субвенционирана е приближно иста и затоа не се аплицира – вели Назим Даути, раководител на секторот за образование во општина Тетово.

    Од Општина Битола велат дека јавното претпријатие и училиштата веќе аплицирале.

    – Само едно средно училиште не успеало да палицира, останатите поднеле документи во рокот. Документи поднесе и ЈП Водовод – велат од општината.

    Градоначалниците од други општини со кои контактиравме велат дека немаат информација дали општинските јавни претпријатија веќе аплицирале и дали имаат намера да го сторат тоа, но меѓу причините покрај документацијата ја наведуваат и неинформираноста за мерката. Дел од општинските татковци немаат информација дали нивните општински претпријатија и основните и средните училишта поднеле документи, но велат се ќе биде појасно во наредниот период кога ќе ги добијат извештаите.

    – Во општина Карпош немаме јавни претпријатија кои би користеле ваква субвенција, но дали основните и средните училишта веќе аплицирале ќе знам за неколку дена – вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на општината.

    Согласно Одлуката на Владата само јавните комунални претпријатија кои користат пумпи и имаат високи сметки за електрична енергија имаат право да поднесат барање за субвенционирана струја и тоа само за тие потрошувачки места, не за сите.

    Според податоците на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) досега 30 отсто од јавните претпријатија потпишале договори со ЕСМ.

    – Согласно Одлуката на Владата само јавните комунални претпријатија кои користат пумпи и имаат високи сметки за електрична енергија имаат право да поднесат барање за субвенционирана струја и тоа само за тие потрошувачки места, не за сите. Од информациите кои ги имаме, досега околу 30 отсто од ЈКП кои имаат поднесено барање имаат потпишано Договори со ЕСМ, останатите имаат поднесено но потпишувањето е во процес – велат од АДКОМ.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img