More

    Модриќ го продолжи договорот со Реал на една година

    spot_img

    Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ го продолжи договорот со европскиот првак Реал Мадрид за дополнителна сезона, до 30 јуни 2023 година, изјави во средата за Хина претставник на клубот.

    Модриќ, најстариот играч на „кралскиот клуб“ со 36 години, во среда ќе потпише договор на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. „Тоа ќе биде приватен настан, тој ќе дојде да го потпише договорот и веднаш да се врати со приватен авион на собирот на репрезентацијата“, рече функционерот.

    Реал Мадрид нема да организира прес-конференција туку само ќе излезе со соопштение. „Точното време на потпишувањето не е одредено“, додаде функционерот.

    Модриќ за Реал Мадрид настапува од август 2012 година кога дојде од лондонски Тотенхем, а актуелниот договор му истекува на 30 јуни.

    Играчот од средниот ред со број 10 на грбот има освоено 20 трофеи со Реал Мадрид, од кои пет се Лигата на шампионите.

    Клубот оваа година ја освои Лигата на шампионите, шпанското првенство и Суперкупот.

    По потпишувањето на договорот, Модриќ ќе се врати на собирот на репрезентацијата која ги чека натпреварите со Данска и Франција во Лигата на нации. Модриќ во понеделникот во Сплит го одигра својот 150. натпревар во „коцкан“ дрес во ремито 1-1 меѓу Хрватска и Франција 1-1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img