More

    МНР однапред исплатило криија и плати за три месеци на вработените во македонската амбасада во Украина

    spot_img

    Министерството за надворешни работи однапред исплатило криија и плати за три месеци на вработените во македонската амбасада во Украина, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.

    – Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат – рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг.

    Тој потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени. Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација.

    – Нашата позиција е поспецифична, ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и повеќе внимаваме какви пораки ќе испратиме, но сме во комуникација со набљудувачката комисија и со генералниот секретар на ОБСЕ – додаде Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img