More

    ММФ ја намали прогнозата за раст на американската економија

    spot_img

    Американската економија годинава ќе порасне за 2,3 отсто, послаб од очекуваното, процени Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), истакнувајќи дека новите податоци сигнализираат забавување на личната потрошувачка.

    На крајот на јуни ММФ процени дека најголемата светска економија годинава ќе порасне за 2,9 отсто.

    Во 2023 година растот би требало нагло да забави, на само 1,0 отсто, прогнозираат тие, намалувајќи ја претходната проценка за 0,7 процентни поени.

    Меѓународниот заемодавец ги намали прогнозите откако податоците за првиот квартал во САД покажаа квартален пад на активноста од 0,4 отсто и слаби лични трошоци во мај.

    Тие истовремено предупредија за предизвиците што ги носи високата инфлација и напорите на централната банка да ја спречи со нагло зголемување на каматните стапки.

    Зголемувањето на цените за широк спектар на производи „претставува системски ризик за Соединетите Држави и за глобалната економија“, заклучија извршните директори на ММФ во извештајот по консултациите според член IV, објавен во вторникот.

    „Приоритет на владината политика сега мора да биде итно и ефективно кочење на растот на платите и цените, но на начин да не предизвика нагло опаѓање на активноста“, предупредуваат тие.

    Ќе биде тешка задача“, заклучуваат тие.

    Заострената монетарна политика треба да ја намали стапката на инфлација на 1,9 отсто до последниот квартал од следната година, од 6,6 отсто во последните три месеци од годинава, проценува ММФ.

    Ова дополнително ќе го забави растот, но САД треба да избегнат рецесија, велат тие.

    Сепак, повисоките каматни стапки и намалената државна потрошувачка ќе го намалат растот на личната потрошувачка „приближно на нула на почетокот на следната година“, што ќе ги ублажи проблемите со набавките, истакна во својот блог економистот на Министерството за западна хемисфера на ММФ, Ендрју Хоџ.

    „Падот на побарувачката ќе ја зголеми стапката на невработеност на околу пет проценти до втората половина на следната година, што би требало да ги намали платите“, вели Хоџ.

    ММФ предлага Вашингтон да ги усвои мерките за социјална и климатска заштита наведени од претседателот Џо Бајден, бидејќи тие ќе го поттикнат активирањето на граѓаните на пазарот на трудот, ќе ја ублажат инфлацијата и ќе го отворат патот за транзиција кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод.

    „Директорите исто така препорачаа да се укинат трговските ограничувања и зголемените тарифи од изминатите пет години“, се вели во извештајот на ММФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img