More

    Мицотакис бара плафон од ЕУ за цена на гасот

    spot_img

    Справувањето со последиците од енергетската криза, енергетската соработка, како и војната во Украина биле темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал на одделните средби во Софија со претседателите на Азербејџан, Бугарија и Србија, со премиерот на Романија и со претседателката на Европската комисија, јави дописничката на МИА од Атина.

    На билатералните средби на маргините на церемонијата во Софија за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас ИГБ меѓи Грција и Бугарија, Мицотакис ја потенцирал клучната улога на земјата во енергетската безбедност.

    Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, Мицотакис истакнал дека е потребно Унијата да презема драстични мерки за справување со последиците од енергетската криза и ги повторил предлозите на Грција со акцентот на потребата од воведување плафон на големопродажната цена на природниот гас.

    Важноста на гасоводот ТАП за диверзификација на изворите на снабдување со енергија во Европа и улогата на „Јужниот коридор” во политиката на Европската унија за зајакнување на енергетската безбедност и промовирање на енергетската „зелена” транзиција, како стратешка соработка на двете земји, била истакната на средбата на Мицотакис со претседателот на Азербејџан Илхам Алијев.

    Грчкиот премиер ја потенцирал „клучната улога што Грција може да ја има во енергетската безбедност и снабдувањето на Балканот и Европа поради нејзината позиција, како со инфраструктурите што ги развива (Ревитуса, Александруполи), така и со заедничките вложувања во кои учествува како мост со Африка”, споменувајќи ја како премиер електричната интерконекција на земјата со Египет.

    Во  говорот на церемонијата за почетокот на комерцијалната употреба на интерконекторот за природен гас ИГБ меѓи Грција и Бугарија, Мицотакис порача дека потребна е заедничка европска стратегија за справувањето со енергетската криза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img