More

    Мицкоски се надева дека пратениците од власта ќе кажат „не“ во последен момент

    spot_img

    Тоа што ќе се случува овие два дена во рамките на Парламентот е обична фарса, бидејќи само 41 глас се доволни за т.н. заклучоци или тој лист хартија да бидат усвоени, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Јас навистина не знам што друго да кажам освен тоа дека треба да кажат НЕ во последен момент. Претпоставувам дека барем малку има македонско во нив и ако има барем малку македонско во нив тогаш ќе кажат НЕ. Бидејќи ќе повторам, ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова што се нуди е сликање во Брисел, за да ги отпочнеме преговорите потребно е да биде променет Уставот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажавме дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите на одредени слуги и платеници на власта дека постоеле вакви, постоеле такви структури во Парламентот. Еве јас најодговорно ви тврдам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за измените на Уставот, а нема да гласа мислам ниту пратениците од СДСМ откако ќе го видат Протоколот кој ќе го потпише Бујар Османи. Затоа што тој е толку лош и јас сѐ уште верувам дека кај некои од пратениците од СДСМ постои малку македонско затоа што кога ќе го прочитаат предлогот односно Протоколот којшто ќе го потпише Бујар Османи ќе се предомислат и ќе се проколнуваат самите себеси затоа што и воопшто дозволиле да гласаат за ова што се нарекува последен модифициран предлог – рече Мицкоски.

    Тој упати апел до македонската јавност.

    – Апел до македонската јавност дека можеби ова на сила ќе им помине во Парламентот и можеби ќе има кушкачи чијашто единствена цел е да направат директен пробој во македонскиот идентитет. Ќе измислуваат дека имало пратеници, вакви или такви коишто се подготвени за уставни измени, но јас ве уверувам дека такви уставни измени ВМРО-ДПМНЕ, а и поголем дел од пратениците од Парламентот, нема да поддржат – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img