More

    Мицкоски очекува предвремените парламентарни избори да се случат многу брзо

    spot_img

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува да се повторат резултатите од локалните избори и на предвремените парламентарни избори кои, како што вели ќе се случат, многу брзо.

    Тој повтори дека блокадата на собранието ќе се случи, ако премиерот не прифати разговор за датум на предвремени парламентарни избори.

    – Мојот став е дека Димитар Ковачевски до 10 мај  има рок, нека не брза, нека размисли, по 10 ние продолжуваме според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент- рече Мицкоски.

    Мицкоски денеска во Охрид рече дека е видлива разликата меѓу неговата партија и на владеачката коалиција СДСМ и ДУИ. Тоа се видело и во општините, а народот препознава кому да го даде гласот.

    -Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат, за разлика од овие од владата на СДСМ и ДУИ кои што крадат. Тоа е една голема и суштинска разлика која што граѓаните ја направија на локалните избори, а убеден сум дека таа разлика ќе ја направат и на следните предвремени парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат -рече Мицкоски.

    Тој рече дека и во Охрид може да забележи градежната офанзива  која е актуелна во општините со градоначаници од неговата партија.

    – Јас сум задоволен од тоа што го гледам низ Македонија,  низ градовите ќе повторам уште еднаш каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и задоволен сум бидејќи правиме разлика, а тоа го гледам и на анкетите, тоа го гледам и во бројките, тоа е практично онаа повратна информација која што ја добиваме од граѓаните на 5-6 месеци од завршувањето на локалните избори. Многу беше важно каков е првиот впечаток и можам да кажам дека во сите оние општини каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата впечатокот е навистина позитивен и многу подобар од колку тој кој што беше пред да се случат локалните избори, бидејќи знаете немате можност за прв впечаток втор пат да оставите – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img