More

    Мицкоски: Ковачески прво да каже „не“ за предлогот, подготвен сум да се повлечам од барањето за предвремени избори, од активната блокада во Парламентот

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, уште еднаш решително го отфрли францускиот предлог, од свое и од име на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Не е прифатлив – одговори Мицкоски.

    Тој рече дека му понудил на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое што е доставено како предлог, а Мицкоски ќе се повлече од барање за предвремени парламентарни избори.

    – Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, институционални и да и помогнеме на владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред се мислам  на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и така натаму. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно оваа според мене, а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реавулација., репроценка на актуелната состојба. Само треба да го одбие и да рече не. Бидејќи ова не се преговори и ова не е преговарачка рамка со која што ние обезбедуваме европска иднина. Ова е преговарачка рамка со која што или се асимилираме и бугаризираме па така бидеме дел од ЕУ, или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Третата работа која што му ја понудил, „ако толку верува дека ова е навистина е така и обезбеден идентитет“, тогаш  во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14.

    – Членот 11 од записникот е член  кој детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори се додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на Протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија во кои се наоѓаат историските прашања, образовните, културните прашања, промената на учебниците и се она што изминативе денови како бугарска верзија можеше јавноста да го види. Тоа е тој Протокол, членот 14. Еве да ги избришат тие два члена. А потоа во преговарачката рамка, тоа е вториот документ каде што имаме принципи на кои се водат преговорите да ги избришат следните два члена. Делот каде што се наоѓаат годишните прегледи, тоа е делот каде што се Копенхагеншките критериуми согласно процесот на стабилизација и асоцијација. Да го избришат делот каде што стојат годишните прегледи и да го избришат делот каде што се повикуваат на записникот од втората меѓувладина конференција. И тогаш заедно да излеземе и да ја поддржиме. Овие 4 работи нека ги избришат – рече Мицкоски.

    Нека ги направи Брисел, нека ги избрише овие делови и да седнеме да разговараме. Ако е така како што не убедуваат дека ова обезбедува европска иднина, а не асимилиација на Македонија и македонскиот идентитет, порача лидерот на најголемата опозициска партија.

    – Ќе повторам три работи. Прва веднаш да каже не, подготвен сум да се повлечам од барањето за предвремени избори, од активната блокада во Парламентот и јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе му ги ставиме сите ресурси на располагање и на владата, не мора ништо, про боно, само Македонија да ја помине оваа зима. На пролет ќе реавулираме. Или нека ги избришат овие 4 елементи од записникот на меѓувладината и двете точки од преговарачката рамка. Повеќе од ова не  знам што може да направиме за да обезбедиме европска иднина на нашата Македонија и на граѓаните на Македонија – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img