More

    Мицкоски испрати порака за обединување

    spot_img

    Неприфатливо е дозволувањето на оваа влада да се мешаат соседните држави во нашите внатрешни работи, па сега откако ќе ги исполниме критериумите за ЕУ, да мора да ги исполниме и критериумите на Петков, кои се за негова домашна употреба. Петков штити свои државни интереси, проблемот е што недостасува заштита на македонските интереси, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

    Мицкоски потенцираше дека доколку се отвора Уставот со кој би се предвидело дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за македонскиот јазик, без вештачки фусноти за нашата посебност и културна различност.

    – Зад овие интереси не стојат нашата држава и нејзините институции. И ако условот е да се исполнат сите бугарски барања кои ќе значат исполнување на нивната бугарска декларација, на наша штета, тоа е нешто со кое ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се согласи ниту пак да се помири. И ако има отворање на Уставот чин со кој е предвидено дел од бугарскиот народ да биде вклучен во преамбулата на истиот, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи без претходни писмени гаранции за нашата историја, за нашиот македонски јазик, без вештачки фусноти, за нашата посебност и културна различност. Повторувам, да се знае сега, нема тоа да го поддржиме и нема тоа да помине – нагласи тој.

    Тој вели дека е апсолутно свесен дека Ковачевски е подготвен да потпише сѐ, а дека само чека да види дали Петков ќе може тоа да го помине во Бугарија.

    – И тоа најверојатно во овој пластелин, наш вештачки парламент ќе помине, но за промени во Уставот им требаат две третини, а тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. Слушаме за чувствата на Бугарите, слушаме за приказните на Петков за добрососедство чии дела не ги гледаме, слушаме и за канонадата на асимилаторски изјави за кои никој во државата не реагира, за лекциите за исполнети критериуми, исполнети прашалници, а го поставил ли некој прашањето за чувствата на Македонците во Македонија, на овој народ кој скаменето чека за иднина која ја нема, и бара достоинство кое му  го продаваат, и за Европа која никако да дојде – рече Мицкоски.

    Тој до македонскиот народ испрати порака за обединување и висока свесност за состојбите, зашто секоја грешка од сега натаму, како што додаде, ќе биде скапо платена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img