More

    Мицкоски е најпопуларен политичар, втор е Пендаровски, трет е Ковачевски

    spot_img

    Ако утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика, покажуваат резултатите на анкетата спроведена од ИПСОС.

    Според анкетата која е спроведена од 2 март до 15 март годинава врз 1.007 испитаници, а која е направена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е политичар со најголема доверба од народот, претседателот Стево Пендаровски е на второ место, а трет е премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

    На прашањето, за кој би гласале доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори, 18.2 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 9.5 отсто рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 4.1 отсто за ДУИ, 4 отсто за Левица, 3.5 отсто за Алијанса за Албанците, 1.2 отсто за Беса, о.7 отсто за Алтернатива, 0.4 отсто за ДПА, 0.2 отсто за ЛДП, 1.2 отсто за други политички партии, а 16.5 отсто од испитаниците биле неодлучни, 15.8 отсто одбиле да одговорат и 24.6 отсто рекле дека нема да гласаат.

    Највисок рејтинг од политичарите ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со 9 проценти, втор е претседателот Стево Пендаровски со 6 отсто, трет е премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски со 4 отсто, па следува лидерот на Левица Димитар Апасиев со 3 отсто, Али Ахмети со 3 отсто, Зијадин Села со 2 отсто и Зоран Заев со 2 отсто.

    20 проценти од испитаниците одговориле дека се согласуваат Македонија безусловно да ги вклучи Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и дека земјава ќе почне преговори со ЕУ. Според анкетата, 39 отсто од испитаниците рекле дека Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија, 10 проценти се изјасниле дека Македонија треба безусловно да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток на преговори со ЕУ, а 31 отсто одговориле дека не знаат кое решение е најпаметно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img