More

    Мицкоски ги обвини СДСМ и ДУИ дека контролираат полукриминални структури

    spot_img

    Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Охрид обвини дека полукриминални групи контролирани од СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои сакаат да поддржат предвремени избори.

    Одговарајќи на новинарско прашање по осветувањето на водите на Охридското Езеро за тоа дали има пратеници од власта кои сакаат избори, посочи дека нема рационален човек во македонскиот Парламент што и сака добро на Македонија, а да не сака избори.

    – Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што ѝсака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници – изјави Мицкоски.

    Изрази убедување дека, како што рече, и покрај притисоците, тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена.

    Меѓу  другото, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ денеска најави и одговорност за актуелното раководство на ЕСМ, поради, како што потенцира, криминално работење, веднаш по промената на власта. Запрашан за информациите од СДСМ дека има вишоци на струја и оти бележат позитивен резултат во енергетскиот сектор, рече дека минатата година прку ЕСМ биле потрошени 230 милиони евра, од кои обвини дека 50-тина милиони евра завршиле во приватни џебови преку тендери во четири очи.

    – Акумулациите се на минимално ниво, односно како што досега никогаш не биле на историски минимум. Само последните месец и половина од минатата година увезоа за 50 милиони евра струја и сега СДСМ зборува за вишоци. Станува збор за најкриминалното раководство на АД ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и веднаш по промената на власта тие луѓе силно ќе одговараат за ова што и го прават на Македонија и македонскиот народ – изјави Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img