More

    Мицкоски веќе петта година по ред Илинден го прославува во Ташмаруништа, но зошто токму во ова струшко село, недоволно познато од историските читанки?

    spot_img

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе петта година по ред Илинден го прославува во струшкото село Ташмаруништа. Но, зошто токму во ова струшко село, недоволно познато од историските читанки?

    Селото Ташмаруништа лежи во Струшкото Поле од десната страна на реката Дрим во подножјето на планината Караорман. Познато е по вредните црковни храмови, како што се црквата Св. Архангел Михаел стара повеќе од 150 години и ранохристијанската базилика „Св. Мартинија“.

    Во ова село традиционалновеќе седумдесет години, се оддржува Културната манифестација Илинден, како и традиоционален народен собир со која се чествува верскиот празник Свети Илија и државниот празник Илинден, 2. Август. На овој собир, покрај приврзаници и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од земјава, вообичаено присуствуваат и Македонци од дијаспората, како и наши сонародници од соседните земји и нивни политички активисти и претставници, па и црковни лица.

    За време на Илинденското востание во 1903 година токму во ова село се одиграла најжестоката борба меѓу македонските востаници и регуларната турска војска во овој регион. Борбата почнала на 5 август 1903, меѓу четири востанички чети (по една од соседните села Ложани и Драслајца, и две од Ташмаруништа), со вкупно 140 востаници, и најмалку десетпати побројниот турски аскер.

    И покрај бројната и оружена надмоќ на Турците, востаниците десет часа ги одржале позициите. Но, кога од грб биле нападнати од други турски формации, востаниците, заштитувајќи го организираниот бег на населението, се повлекле кон Малесија и Дебрца, каде ги продолжиле борбите. При влегувањето на аскерот во селото тешко ранетите борци, кои не можеле де се повлечат, успеале да го убијат заповедникот на турската формација (тнр. милазим). Селото било целосно ограбено и запалено. На боиштето останале 27 жртви на востаници и жители, кои по враќањето на селаните од збегот биле погребани. Деветнаесет востаници од соседните села биле закопани во заедничка гробница, а останатите во семејните гробови од селото.

    За кревањето на Илинденското Востание одлуката била донесена на Конгесот во Солун во пролетта 1903 година. Делегатите на организацијата разговарале за прашањето за кревање на востанието во Македонија. И покрај фактот дека некои од делегатите биле против кревање на востанието тврдејќи дека Организацијата сѐ уште не е подготвена, одлуката на водствто била сепак да се крене востанието и таа била конечна. Одлучено било востанието да започне во битолскиот регион, а датумот да биде 2 август. Организаторите на востанието испратиле и писмо до Европа дека ќе започне востание во Македонија во кое биле наведени и причините за тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img