More

    Мицкоски вели дека е чудно ако нема притисок!

    spot_img

    При денешната посета на општина Бутел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на притисоците од страна на власта врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се навикнати на притисок и ако власта мисли дека тоа е начинот да се пресметува и да се прави политички притисок врз политички неистомисленици многу се лажат.

    – Не, ние сме навикнати да живееме под притисок, кај нас е чудно ако нема притисок, но и тоа ќе помине, се навикнувате, еве гледате што се случи во Прилеп, претходно го опожарија возилото на директорот на комуналното претпријатие, па градоначалникот имаше став и покрај тоа што советот во општина Прилеп јасно кажа дека треба да се смени командирот на полициската станица, од Спасовски и од МВР нема реакција, во текот на ноќта беше опожарено возилото и за малку фалеше поголема трагедија да се опожари неговата семејна куќа во Прилеп на пратеникот Петар Ристески, но ако мислат дека тоа е начинот да се прават политички притисок врз политички неистомисленици, се лажат – истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img