More

    Мицкоски: Ако соберат 80 пратеници, си одам од политиката, ако не, да одиме на избори!

    spot_img

    На Владата ѝ предлагам, веднаш кога парламентот ќе се врати од годишен одмор, прва точка на првата седница да биде предлогот за измена на Уставот. Ако соберат 80 пратеници јас следнот ден ќе го исполнам ветувањето и трајно ќе заминам од политиката. А ако немаат, да одиме на предвремени парламентарни избори. Ова вечерва во Тетово го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали и натаму останува на изјавата од вчера дека ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа да се промени Уставот, тогаш ќе ја напушти политиката.

    – Јас верувам во секој еден пратеник од партијата и од коалицијата и ако се случи такво нешто трајно ќе заминам од политиката. Еве денеска одам чекор понатаму со порака до Владата од ДУИ и СДСМ – веднаш кога парламентот ќе се врати од годишен одмор, прва точка на првата седница да биде предлогот за измена на Уставот. Ако соберат 80 пратеници јас следниот ден ќе го исполнам ветувањето. Ако нема, да одиме на предвремени парламентарни избори – изјави Мицкоски.

    Тој рече дека денеска имал средба со четири ид петте коалициски партнери и утре ќе продолжи со консултации во однос на референдумот, по што тоа ќе се префрли во рамки на партијата.

    – Имав состаноци со четири од коалициските партнери. Продолжувам утре во текот на денот исто така со консултации додека не се исконсултираме со сите коалициски партнери, потоа во рамките на партијата, Извршниот комитет итн., откако Собранието ќе биде функционално ќе излеземе со конечен став околу референдумот, но мислам дека ставот е јасен и неколку пати повторен – истакна Мицкоски.

    Во Тетово Мицкоски се приклучи на кампањата за вонредни избори за Совет на Тетово и одржа средби со граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img