More

    Митовски: Концертот на Аца Лукас бил музичка желба на рударите

    spot_img

    Откако Министерството за култура објави дека нема да префрли средства на Општина Крива Паланка за организирање на музичкиот фестивал „Џој Фест“, бидејќи ќе настапи Аца Лукас, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, уверува дека настапот на српскиот турбо-фолк пејач е во чест на Денот на рударите, како и по повод 29 август, прославата на патрон-празникот на градот и чествувањето на светецот-закрилник на оваа општина, Јоаким Осоговски.

    – Парите од Министерство за култура не се префрлени на сметка на општината, досега само е склучен договор. Настапите на сите учесници на „Џој Фест“, кои се исклучиво македонски изведувачи, како и концертот на Аца Лукас, веќе се платени од спонзори. Министерство за култура не мора да ги префрла предвидените средства, иако станува збор за недоразбирање. Тие средства, вкупно 153.000 денари секако беа наменети за македонските пејачи кои ќе настапат на „Џој Фест“: Каролина Гочева, Бени „Нон-стоп“, Гоце Саф, Бас брадарс“ и други, што значи исклучиво македонски пејачи. Но и за нив тие 153.000 денари од Министерството за култура не се доволни, поради што бројни спонзори и донатори обезбедија средства и овие пејачи веќе исплатени – вели Митовски.

    Фестивалот е основан како рок-фестивал. „Џој Фест“, годинава, по две години пауза поради пандемијата со ковид-19, ќе се одржи по деветти пат. Иницијативата за формирање на фестивалот е од група музичари од градот кои ја отстапија организацијата на Општина Крива Паланка.

    Годинашниот фестивал е дел од „Кривопаланечко културно лето 2022“ поддржано од Министерството за култура, Општина Крива Паланка, Националната установа Центар за култура Крива Паланка, Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, со поддршка и од Европската куќа Крива Паланка на дел од настаните.

    – Концертот на Аца Лукас е за празникот на градот, за „Св. Јоаким Осоговски“, кога е славата на манастирот и кога традиционално градот го посетуваат луѓе од целата држава и за Денот на рударите. Со парите од Министерство за култура не ни може да се плати Аца Лукас, а искрено и дел од македонските пејачи. Аца Лукас чини 15.000 евра, а од Министерство за култура добивме 153.000 денари (околу 2.500 евра) како кофинансирање за учество на домашни пејачи. Мене навистина ми е жал за ваквата одлука и за недоразбирањето. По оваа информација јас се слушнав со министерката, на која ѝ реков дека не мора да ги исплатат, бидејќи и настапите на домашните изведувачи ќе ги покриеме со спонзори. Општината учествува само со 600.000 денари, а останатите пари за другите манифестации, меѓу кои и концертот на Лукас се спонзорства. За концертот на Аца Лукас еден од поголемите спонзори е самиот рудник во Крива Паланка, „Булмак 2016“, бидејќи, како што реков, неговиот настап е за Денот на рударите, по нивна желба – изјави Митовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img