More

    Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, во чии состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов

    spot_img

    Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, во чии состав ќе бидат актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесите на терен при асистирањето во евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани, информира МНР.

    „Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се уште се на украинска територија, како и членови на нивните семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори. Нивното движење постојано го следиме сѐ до напуштањето на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава“, велат од МНР и додаваат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато и се одвива по споредни рути кои се преполни, па оттука движењето е бавно.

    Воедно, од МНР посочуваат дека тие продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно јавноста ќе биде информирана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img