More

    Министерството за култура и амбасадорот договорија пилот-проект

    spot_img

    Македонски јазик ќе се изучува во училиштата во Италија, во градовите каде има најмногу Македонци, предвидува пилот-проектот како дел од петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија. Програмата денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ја потпишаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри.

    Според министерката Костадиновска-Стојчевска, оваа Програма која важи до 2025 , нè исправа пред нови шанси за продлабочување и зацврстување на комуникацијата, размена на искуства и афирмација на вредностите на двете земји, како и поволности за младите преку стипендии и размени.

    Амбасадорот Силвестри, како особено значајни, ги истакна културните проекти реализирани меѓу двете земји, а најави дека ќе биде организирана и Недела посветена на италијанската кујна, која има културна вредност, препознаена и од УНЕСКО. Силвестри додаде дека во тек е и Неделата на италијанскиот јазик во светот,  којашто започна во понеделникот и е посветена на италијанскиот јазик што го говорат младите.

    Во МСУ е во тек е изложбата изложбата „Современи екосистеми“ од италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img