More

    Министерот Бесими на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево ќе говори и ќе ја води сесијата „Зимата доаѓа: енергетска безбедност, транзиција и соработка“

    spot_img

    Министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот за финансии ќе има свое излагање и на покана на домаќинот ќе ја модерира сесијата насловена „Зимата доаѓа: енергетска безбедност, транзиција и соработка“.

    Во рамки на конституенцата на ММФ и Светска банка, министерот Бесими ќе оствари посебни средби со потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде и извршниот директор на ММФ, Кун Давидсе, како и со директорот на европскиот оддел при ММФ, Алфред Камер.

    Министерот за финансии Бесими исто така ќе реализира билатерална средба со вицепремиерката и министерка за финансии на Холандија, Сигрид Каг.

    На Состанокот ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и министри за финансии на земјите членки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img