More

    Министерката за култура им порача на писателите да го развеселуваат народот

    spot_img

    Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска им порача на македонските писатели да творат во духот кон тоа што ќе го расположи народот, одговарајќи на прашањето на Гласот на Америка дали уметничката креација и слободната мисла ќе бидат подложни на политичка контрола по потпишувањето на протоколот со Бугарија.

    – Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент – вели министерката.

    Но, таа додава и одредени насоки кон авторите.

    – Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро – посочува министерката за култура.

    Оваа изјава денеска наиде на остри и на потсмешливи реакции кај македонските писатели на социјалните мрежи.

    – И оваа влада сака културата да ја претвори во естрада – коментира писателката Лидија Димковска, која е добитничка на наградата за литература на Европската Унија во 2013 година.

    И писателот Петар Андоновски, кој ја доби истата награда во 2020 година, реагира:

    – Министерке, книжевноста треба да е форма на отпор, нејзината улога е да критикува, да провоцира, а не да служи за забава.

    Реагираше и писателката Оливера Ќорвезироска.

    – „Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката“ – министерка за култура, 21 век. Творам, значи расположувам народ – напиша Ќорвезироска на Фејсбук.

    Министерката Костадиновска Стојчевска има одредени сугестии и за историските теми и во филмовите.

    – Секој филм којшто ќе ја промовира македонската култура, македонскиот индивидуалитет, би требало да ја има поддршката. Но, сепак, мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор, туку да ни биде лекција – додава таа.

    Според член 16 од македонскиот устав, цензурата е забранета, а слободата на говорот е гарантирана. Останува да се види како потпишаниот протокол ќе се одрази врз домашната креативна мисла и финансирањето на идните културни творби.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img