More

    Министерката за култура го цитираше Блаже Конески

    spot_img

    Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во вечерашното интервју за емисијата „24 анализа“ изјави дека во дијалогот со Бугарија воопшто не се преговара за македонскиот јазик и идентитет.

    – Како професорка по јазик ми пречи дискурсот којшто се наметнува во јавноста дека некој некаде седи на маса и како мезе го поставува македонскиот јазик и идентитет. Морам да го освежам сеќавањето дека зборовите на Блаже Конески остануваат сеприсутни: „Сѐ дури го имаме јазикот, ја имаме и државата“. Зборуваме за македонски јазик којшто е посебен, засебен, никој никаде не го разнебитува јазикот, ниту идентитетот. Не се преговара, ниту било побарано тоа од нас – рече Костадиновска-Стојчевска.

    Таа, меѓу другото во интервјуто, истакна и дека сите плати на културните работници се исплатени и сите договорни услуги.

    – Колективниот договор на културата завршува и треба да се потпише нов, но платите во културата се солидно покачени. Платите се едни од посолидните не само поради колективниот договор кој ги уредува нивните права, туку и институциите кои имаат право да работат во недела. Како министерка за култура очекувам соработка од сите чинители во културата – изјави Костадиновска-Стојчевска.

    Таа посочи дека проектите кои биле приоритетни во минатото, ќе бидат и во нејзиниот мандат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img