More

    Минисерот Спасовски вели дека многу брзо ќе биде завршен еден од случаите за најавите за бомби во средните училишта

    spot_img

    Минисерот за внатрешни работи Олвер Спасовски вели дека многу брзо ќе биде завршен еден од случаите за најавите за бомби во средните училишта. Тој оцени дека против земјава има хибриден напад, но дека во основа безбедноста не е нарушена.

    – И во првата најава која што беше во ЈСП, и најавите во училиштата. Анализираме во неколку правци. Морам да кажам дека за еден од случаите сме многу блиску до целосно завршување. Има неколку индиции коишто даваат многу јасна слика во овој дел, меѓутоа тоа се  информации што сега неможе да бидат споделени, се анализираат внатре во рамките на истрагата – рече Спасовски.

    Се укажува, како што рече, на тоа дека ова е монструозен чин заради тоа што предизвикува вознемиреност и кај граѓаните, и кај наставниот кадар, и кај учениците, кај секој еден нормален човек без разлика од кои причини и тоа се прави.

    – Дали е од некакви геостратешки причини, дали тоа е од бизнис, од политички причини итн. Сите аспекти се анализираат. Час поскоро да се дојде до реализација на еден од тие настани е многу важно за сите нас, меѓутоа сепак високото ниво коешто е подигнато во рамките на институциите за спроведувањето на законот и следењето на состојбата 24 часовно, мониторирање преку кризниот штаб којшто работи во МВР, граѓаните треба да бидат спокојни во овој дел дека немаме некакви индиции коишто можат да ни ја нарушат безбедноста – рече Спасовски.

    Тој оцени дека безбедносната состојба во државата во целата територија моментално е  стабилна, безбедна и нема никакви индикации за нарушување.

    – Сега дали може да ја ефектуираат настаните кои што ни се случуваат и во поблиското и во поширокото опкружување, секако дека, да. Тука е војната со односно воената агресија на Русија во Украина, меѓутоа и другите аспекти пред се економската, енергетската криза сето тоа влијае на состојбите коишто се донесуваат во делот на безбедноста.  И затоа во целосната функција се ставени сите безбедносни служби и служби за спроведувањето на законот – рече Спасовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img