More

    Минирани се над 80.000 квадратни километри, 18 новинари досега загинале

    spot_img

    Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон.

    – Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени утре – изјави тој денеска за радиото РФИ, додавајќи дека ЕУ треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија.

    Русија, од друга страна, негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча. Нејзиниот претставник во Обединетите Нации, Василиј Небензја, рече дека Русија денеска ќе претстави „емпириски докази“ до Советот за безбедност на ОН што покажуваат дека нејзините сили не биле вклучени во злосторства.

    Минирани се над 80.000 квадратни километри 

    Над 80.000 квадратни километри украинска територија се минирани, што ја прави земјата една од најминираните во светот. Ова се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина, повикувајќи се на податоци од ОН.

    – Во Украина, остатокот од месец дена војна, во форма на неексплодирани смртоносни средства, нагазни мини и касетна муниција, ќе бидат потребни децении за тоа да се реши, заканувајќи им се на животите на луѓето и долго откако пушките ќе замолчат – изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

    Гутереш појасни и дека мините сега ја ограничуваат испораката на итна хуманитарна помош и ги спречуваат луѓето да избегаат на безбедно“.

    Украинското МНР наведува дека по првиот бран на руска вооружена агресија врз Украина во 2014 година, било потребно да се исчистат околу 16.000 квадратни километри од регионите Луганск и Доњецк, денес, според прелиминарните процени, станува збор за 80.000 квадратни километри од Украина.

    Според ОН, „Украина е една од најминираните земји во светот. Дури и пред тековната воена офанзива, повеќе од 1,8 милиони луѓе од Донбас осум години беа опкружени со мини“.

    Досега загинаа 18 новинари

    Меѓу вестите за злосторства и штети од војната, осамна и фактот дека осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската окупација на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.

    „Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени“, се вели во соопштението на Министерството.

    Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати.

    Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img