More

    Милош Биковиќ ужива со девојката на задното седиште од автомобилот

    spot_img

    Најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ ужива во емотивна врска со Ивана Малиќ.

    Актерот се обидува да го искористи секој слободен момент и да го поминат заедно како вистинска вљубена двојка.

    Имено, Ивана на својот инстагрампрофил објави заедничко видео со Биковиќ. Двајцата позираат, а таа ги снимила на задното седиште од автомобилот.

    Очигледно младиот пар решил да го искористи убавото време и сончевото попладне и да ужива во градот.

    Таа во описот на видеото ставила емотикон на сонце.

    Инаку, неодамна во медиумите се појави информација дека Милош и Ивана раскинале, а потоа дека планирале свадба, по што се огласи и актерот.

    – Не го коментирам мојот приватен живот, поточно многу ретко зборувам за тоа. Кога се медиумите во прашање, веќе ништо не може да ме изненади, но многу ми е забавно што во ист ден пишуваат за развод, неверство и брак. Не знам како би ја нарекол потребата на медиумите да објавуваат вести и воопшто да не се оптоваруваат со вистината и смислата. Можам да кажам дека, засега, тоа не е точно, што не значи дека нема да биде во иднина, ниту дека можеби веќе не се случило – изјави неодамна Милош за „Телеграф“.

     

    Инаку, Ивана е адвокат по професија, а на својот инстаграм-профил објавува фотографии со својот избраник.

    Милош е познат како срцекршач и во минатото беше поврзуван со бројни убави девојки.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Ivana Malić (@ivanamalic_)

     

    Ивана има 25 години и по потекло е од Бар. Српските медиуми пишуваа дека Ивана и Милош планираат венчавка на Мокра Гора на која ќе присуствува најтесниот круг на луѓе.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img