More

    Милошоски: Се бара министерот да даде отчет за конзулите

    spot_img

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го покани министерот за надворешни работи Бујар Османи да даде отчет пред пратениците во врска со предлозите за нови конзули.

    „Дипломатијата, за жал, често именува дипломати врз основ на личен клиентелизам, наместо врз основ на стручност. Последните примери со генералните конзули во Чикаго и Њујорк се доказ дека одредени кадровски решенија се носеле позади завесата ‘затворена владина седница’, иако не ги исполнувале предвидените законски услови. Затоа министерот Османи треба да даде отчет пред пратениците како претставници на граѓаните“, напиша Милошоски на својот профил на Фејсбук.

    Согласно контролната и надзорна улога на Собранието врз извршната власт, а во врска со некои спорни одлуки за упатување на генерални конзули во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Америка го поканувам министерот за надворешни работи Бујар Османи на седница на Комисијата за надворешна политика на која ќе се разговара за почитувањето на законските норми при именувањето на генералните конзули, пишува во официјалното писмо на Милошоски до Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img