More

    Милошоски вели со Бугарија се преговара за јазикот и за идентитетот

    spot_img

    Од појавувањето на Бујар Османи пред Комисијата за надворешна политика, до денес имаме информации дека има веќе нацрт документ или така наречен „нон пејпер“ кој циркулира на релација Софија – Скопје и за кој во тек се и двајцата премиери и двајцата министри за надворешни работи.  Очигледно е дека во овој момент Ковачевски не е спремен да ги покаже нацрт документите и тој „нон пејпер“ кој македонското МНР го има и го преговара со бугарското МНР, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само интервју“ на Канал 5.

    Милошоски посочи дека бугарската влада, дали кога ќе биде повикана кај претседателот Румен Радев или во Народното собрание се појавува на тие седници и дава образложение и меѓусебно се информираат и градат став, но македонската влада тврди дека е отчетна и транспарентна, но „кога ќе ја повикате во Собрание не се појавуваат“.

    – Според Уставот, Владата треба да биде отчетна во Собранието кое има улога во надворешната политика и  би било добро  да се појават и можеби таму ќе добијат корисна идеја, можеби ќе се изгради и заедничка позиција, која во моментов недостасува. Затоа сметам дека појавувањето во собрание може да биде добро за процесот. Ние ги повикуваме во Собрание на тема на која и претходниот премиер беше во Собранието. Кога имаше нацрт договор во 2017 во јули Заев се појави во Собранието на затворена седница разговаравме на таа тема – изјави Милошоски.

    Тој истакна дека Владата која не сака да се појави во Собрание, макар и на затворена седница, нешто крие.

    – По однос на македонскиот јазик и идентитет, Владата тврди дека тоа не е спорно и не се преговара, а во исто време Македонија се уште го нема потпишано договорот со Фронетекс, европската агенција за обезбедување на граници, само заради тоа што Бугарија се противи да не стои македонски јазик, што значи дека владата не ја говори вистината кога тврди дека не се преговара за јазикот – изјави Милошоски.

    Милошоски се осврна и на пописот, потенцирајќи дека за ВМРО-ДПМНЕ овој попис не ужива доверба и податоците се некомплетни. Тој истакна дека очигледно е дека на пописот повеќе сакаа да му дадат тон на политичка операција, па дури и се сомнева дека и сакаат ова да биде тема затоа што немаат добри теми во економија, образование.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img