More

    Милијардер го купува Манчестер јунајтед

    spot_img

    Британската мултинационална компанија Инеос (Ineos), која во 1998 година ја основаше Џим Ретклиф (70), официјално влезе во процесот за купување на англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед.

    – Можам да потврдам дека официјално влеговме во процесот – изјави портпаролот на Инеос за британските медиуми.

    Сегашните сопственици на Манчестер јунајтед, американското семејство Глејзер, кон крајот на минатата година објавија дека почнале да разгледуваат опции за 20-кратниот англиски шампион, вклучувајќи нови инвестиции или потенцијална продажба, 17 години откако го купија клубот од Олд Трафорд.

    Инеос е четврта по големина хемиска компанија во светот, а нејзиниот сопственик Ретклиф е меѓу најбогатите Британци.

    Во изминатите две децении неговата компанија прерасна во гигант со 19.000 вработени и годишен промет од над 60 милијарди долари.

    Личното богатство на Ретклиф се проценува на над 15 милијарди фунти, а познат е по поддршката што ја даде за британскиот излез од Европската унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img