More

    Мила Кунис: Срцето ми се скрши поради војната во Украина

    spot_img

    Американската актерка Мила Кунис, која е родена во Украина, изјави дека срцето и се скршило поради војната во Украина, иако отсекогаш се сметала себеси за Американка.

    38-годишната актерка е родена во Черновци во западна Украина, а во САД дошла во 1991 година со своето семејство. Таа рече дека иако „секогаш се сметала себеси за Американка“, нешто во неа се сменило по смртоносната инвазија на Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин на крајот на минатиот месец.

    „Ова се случува и не можам да искажам или да објаснам што ми се случи… Се чувствувам како дел од моето срце штотуку да ми е откорнат. Тоа е многу чудно чувство“, изјави актерката.

    „Дојдов во САД во 1991 година со моето семејство. И ние бевме последните од семејството што емигрираа“, рече Кунис, истакнувајќи дека голем дел од нејзиното семејство било или во концентрациони логори за време на Втората светска војна или емигрирале непосредно пред тоа.

    „Значи, кога дојдовме во САД, имав седум и пол, осум години и секогаш се чувствував како Американец. Никогаш не постоел дел од мене за кој луѓето би помислиле дека сум од Источна Европа. Цел живот сум типична личност од Лос Анџелес. И тогаш ова се случува “, рече Кунис.

    Кунис рече дека таа и нејзиниот сопруг Ештон Качер ја посетиле Украина непосредно пред пандемијата и се сретнале со претседателот Володимир Зеленски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img