More

    МЕ: Во првите 100 дена продолжуваме мерки за поддршка на фирмите и граѓаните за подобар животен стандард

    spot_img

    Во првите 100 дена од работата на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за економија креираше клучни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите за подобрување на животниот стандард и целокупната економија.
    Во услови на енергетската криза во земјата, но и пошироко, Министерството за економија презеде мерки за поддршка на потрошувачите на електрична енергија со ниски приходи за 2022 година.
    Беше објавен Јавен повик за финансиска поддршка во вкупен износ од 60 милиони денари, со што потрошувачите со ниски приходи ќе добијат понисмки сметки за струја од 600 до 800 денари во период од 12 месеци за над 700 домаќинства.
    Исто така, за да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука прво за замразнување на цените на основните производи, која потоа беше заменета со одлуката за замрзнување на профитните маржи со утврдена највисока трговска маржа до 4% од продажната цена во трговијата на големо, односно до 3% од продажната цена во трговијата на мало како посебен услов во трговијата на основните прехранбени производи.
    Со оваа одлука, за стоките, со исклучок на белиот и полубелиот леб (цел и исечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно масло) и пченично брашно – тип 400, кои е ќе се продаваат по набавна цена, се признаваат оперативните трошоци до 20% од набавната цена во трговијата на големо, односно до 15% од набавната цена во трговијата на мало.
    Одлуката се применува од 09.03.2022 година до 31.05.2022 година, поради потребата од ограничување на поскапувањата.
    Со цел заштита на граѓаните од ценовни шокови исто така беше донесена одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните пред се поради ценовните шокови предизвикано од војната во Украина.
    Забраната за извоз се однесува на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед, масла од семе од сончоглед и е предвидено да трае до 15 мај.
    Како дел од меркита за заштита на граѓаните од раст на цените Министерството за економија донесе одлука за укинување на царинската давачка за увоз на масло за јадење која трае до 31 мај.
    Во изминатите 100 дена Министерството за економија континуирано ја поддржуваше промоцијата на обновливите извори на енергија во домаќинствата.
    Преку Програмата за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година оваа година се предвидени 30 милиони денари за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка за домаќинствата.
    Продолжува и поддршката за микро, малите и средни компании.Како дел од програмата за конкурентност, иновации и претприемништо На Министерството за економија беа објавен објавени два Јавни повици за поддршка на домашни компании со вкупна финансиска поддршка од еден милион евра
    Министерството за економија меѓу своите приоритети го има и обезбедувањето нови работни места, која даде согласност за потпишување на Договорот помеѓу Друштвото за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРУП, со што започнува реализацијата на оваа нова инвестиција, чија вредност достигнува износ од 9,2 милиони евра и се планира отворање на околу 300 нови работни места.
    Продолжува изработувањето на Стратегијата за паметна специјализација и развојот на Стратегија за поттикнување на извозот. Исто така, во постапка се и Закони, измени и дополнувања на закони во интерес на граѓаните и економскиот развој.
    Министерството за економија, како и секогаш, но и поинтензивно од овие 100 дена, односно овие кризни денови за целиот регион и светот, ќе продолжи да се грижи за граѓаните, односно за зачувување на стандардот на граѓаните

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img