More

    Меџити вели дека нема сила која ќе ги тргне „огнените“ од ДУИ

    spot_img

    ДУИ не е поделена, но е обезличена од луѓе катапултирани во врвот на партијата и извршната власт, кои немаат никакво знаење за програмата на партијата и минатото на ОНА. Ова го изјави Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ и претставник на познатата „Огнена група“ на синоќешната средба со членовите на ДУИ од Чаир, пишува Алсат.

    Меџити рече дека нема сила која може да ја тргне оваа група од ДУИ, и додаде „ако не избркаат низ врата, ќе влеземе низ прозорец“. Тој рече дека битката ќе продолжи додека партијата не се врати на првобитните идеали на кои е основана.

    За Артан Груби тој изјави дека е дел од „узурпаторите кои успеале да се наметнат во ДУИ“.

    – Кога ја градевме партијата, тој заработуваше добра плата за да не му се наруши удобноста ниту за момент, а кога остана без работа се сети дека може да ја злоупотреби невладината организација за да се наметне на политички партии. Да, да, Артан Груби отворено се нудеше кај лидерите на политичките партии кој ќе му ги отвори вратите – изјави Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img