More

    МЕЃУНАРОДЕН ТАЕКВОНДИ ИТФ НАТПРЕВАР “ОХРИД ОПЕН 2022”

    spot_img
    Вкупно 210 натпреварувачи од 8 држави, се дел од Маѓународниот таеквондо ИТФ натпревар “Охрид Опен 2022” кој започна денеска во
    спортската сала “Билјанини извори”
    На свеченото отворање на натпреварот, во името на Локалната самоуправа поздравно обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Горан Маркоски.
    – Посакувам оваа манифестација да стане дел од една нова спортска традиција во нашиот град и да придонесе за негова промоција како современ спортски центар.  
    Горди сме што Охрид може да се пофали истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина, а на наша голема радост, во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми успеси.
    Упатувам искрени честитки и признание до организаторите кои и оваа година се потрудија да овозможат високо ниво на организација на овој натпревар, кој се вбројува во еден од најатрактивните таеквондо настани во регионот. 
    Со својот спортски дух и упорност, спортистите победуваат и освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе ја поддржи организацијата на вакви спортски случувања.
    Ви посакувам успешен натпревар и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за уживање во природните и културните убавини на Охрид, истакна Маркоски во своето обраќање.
    Организатор на меѓународниот натпревар е таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец, со поддршка на Општина Охрид и други спонзори.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img