More

    Мешовитата историска комисија продолжува со работа во мај, нема изјави по денешната средба

    spot_img

    Мешовитата комисија за историја меѓу Македонија и Бугарија ја завршија работата, но не сакаа да дадат изјава по средбата во Скопје.

    Претседателот на бугарскиот тим, Ангел Димитров изјави дека ќе има заедничко соопштение од Министерствата за надворешни рабти на двете земји. Иако утрово изјави дека работатата со Цар Самоил е завршена, денеска двете страни ретерираа.

    Станало збор за учебниците за седмо одделение , рече претседателот на македонскиот тим , Драги Ѓоргиев, кој најави дека следната средба ќе се одржи во Софија на 12. и 13. мај.

    Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, денеска и вчера во Скопје ја одржа 18-та средба, соопшти Министерството за надворешни работи. .

    – Средбата помина во позитивна атмосфера, со отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век, соопштија кусо по средбата од Министерството за надворешни работи не навлегувајќи во детали од средбата.

    До крајот на годината, информираат од МНР, се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата. Наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12 и 13 мај 2022 година.​

    Ова беше втора од предвидените пет средби на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија за годинава.

    На дневен ред беа забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

    Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img