More

    МЕТЈУ ЛОСОН Е НОВИОТ БРИТАНСКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

    spot_img

    Првиот потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Северна Македонија.

    Груби му посака успех во новиот мандат на амбасадорот Лосон и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора. На средбата потврдено е пријателството помеѓу двете земји и унапредувањето на соработката во економијата, одбраната како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата како и натамошните реформски процеси, информираат од Кабинетот на вицепремиерот.

    Амбасадорот Лосон, како што стои во соопштението, му честитал на Груби за евроинтеграцискиот напредокот на нашата држава како и почетокот на преговорите со ЕУ и истакнал дека ќе продолжи поддршката од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели како што е полноправното  членство во Европската Унија.

    На средбата со амбасадорот Лосон, констатирано е дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите не само на земјава туку и на целиот регион, а Владата е насочена кон обезбедување на подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности.

    „Во врска со уставните измени, истакнато е дека сите политички субјекти во земјава  треба да ги надминат партиските интереси со цел целосна реализација на втората стратешка цел – полноправно членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат од кој нема враќање назад. Исто така, разговарано е и за надминување  на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања  од регионот и светот предизвикани од ковид пандемијата како и војната во Украина“, стои во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img