More

    Метеоролозите: Денеска сме сведоци како ќе изгледа иднината

    spot_img

    Топлотните бранови ќе се случуваат порано и почесто во иднина, објави во петокот Светската метеоролошка организација (СМО), посочувајќи на топлотните бранови кои зафатија делови од Европа оваа година уште пред официјалниот почеток на летото.„За жал, денес сме сведоци како ќе изгледа иднината“, рече Клер Нулис, портпаролка на Светската метеоролошка организација (WMO).

    Екстремно високите температури кои се проширија од Северна Африка во јужна Европа, а се очекува да ги погодат Швајцарија и Германија овој викенд, според СМО се покарактеристични за јули и август.

    Во некои делови на Шпанија и Франција, температурите неодамна се зголемија за повеќе од 10 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината, рече Нулис.

    Шпанија, Португалија, Унгарија и Србија, исто така, се погодени од суша, додека предупредувања за топлотни бранови беа издадени надвор од Европа за речиси една третина од населението на САД оваа недела.

    „Како резултат на климатските промени, топлотните бранови започнуваат порано, стануваат почести и посилни поради концентрациите на стакленички гасови во атмосферата кои се на рекордно ниво“, рече Нулис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img