More

    Меси разочаран од свирежите од навивачите на ПСЖ

    spot_img

    Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси уште еднаш се осврна на свирежите од навивачите на парискиот клуб по елиминацијата од Лигата на шампионите.

    Да потсетиме, 34-годишниот Аргентинец беше исвиркан за време на натпреварот од 28. коло на Лига 1 со Бордо (3:0).

    – Во Барселона не наидов на ова. ПСЖ испадна од Лигата на шампионите и разбирлив е гневот на навивачите. Затоа што не ни се случува првпат ваква ситуација. Мене и Нејмар тоа најмногу нѐ погоди. Но, она што се случи, се случи – изјави Меси за „TyC Sports“.

    ПСЖ испадна во Лигата на шампионите во 1/8 финалната фаза, губејќи од Реал Мадрид. Во исто време, парискиот клуб ја освои Лига 1.

    Минатата сезона Меси на 34 натпревари за парижаните постигна 11 голови и имаше 14 асистенции. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img