More

    Меркел ограбена во дуќан насред Берлин

    spot_img

    Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел била ограбена во четвртокот при купување во продавница, објави во петокот агенцијата ДПА. Нејзината чанта била украдена додека пазарела во деликатес на Морсештрасе во Шарлотенбург околу 11:40 часот во четвртокот, пренесува Н1.

    Полицијата потврди дека Меркел (67) ја пријавила кражбата во центарот на Берлин. Во украдениот паричник имало лична карта, кредитна картичка, возачка дозвола и готовина.

    Кабинетот на Меркел одби да даде коментар, но се знае дека најмалку еден телохранител од Федералниот оддел за криминалистичка полиција ја следел Меркел до продавницата. Полицијата уште ја истражува кражбата.

    Дури и кога беше канцеларка на Германија, Меркел сама одеше по дуќани и често беше видена во продавници во близина на владиниот кварт или во одделот за намирници на француските стоковни куќи на Фридрихштрасе во центарот на Берлин.

    Меркел ја напушти функцијата канцелар на Германија лани, по цели 16 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img