More

    Меркел конечно ја осуди војната во Украина

    spot_img

    Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел по неколку месеци молк, конечно јавно изрази солидарност со Украина во, како што рече, „варварската војна“ со Русија на проштална церемонија во средата, јавува Ројтерс. Жената која 16 години ја водеше земјата, а го потпиша озлогласениот договор за гасоводот „Северен тек 2“, зборува течен руски и во своето време негуваше пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

    Меркел посочи и дека „нема да нуди совети од страна“. Таа веќе еднаш во февруари даде кратка изјава велејќи дека нема оправдување за бесрамното кршење на меѓународното право.

    Актерот Улрих Матес, пријател на Меркел, застана во нејзина одбрана, велејќи за магазинот Stern оваа недела дека војната ја засега и неа, но дека таа не сака да се меша.

    – Се сомневам дека таа сака да биде еден вид втора канцеларка – изјави тој.

    Некои други германски политичари, вклучително и нејзиниот поранешен министер за надворешни работи Зигмар Габриел, признаа дека политиката на помирување со Русија можеби била премногу оптимистичка.

    Германија уште се соочува со критики дека премалку ѝ помага на Украина во војната. Акутелниот премиер Олаф Шолц вчера најави дека на земјата ќе ѝ биде обезбеден системот IRIS-T за воздушна одбрана.

    Германија и самата го зајакнува својот воен буџет со 100 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img