More

    Меморандум за соработка меѓу НБ и Универзитетот на ЈИЕ: Професионалци од централната банка ќе бидат гости предавачи на студентите

    spot_img

    Со формализирањето на соработката помеѓу Народната банка (НБ) и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), како една од високообразовните институции во земјава, ќе се постигне синергија во унапредувањето на истражувачката дејност и градењето млади, квалитетни кадри во областа на макроекономијата и финансиите. За таа цел, денеска беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу двете институции од страна на гувернерката на НБ, Анита Ангеловска-Бежоска и ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Абдулменаф Беџети, во присуство на вицегувернерот Фадиљ Бајрами.

    Со Меморандумот се предвидува остварување на повеќе заеднички активности од централната банка и Универзитетот. Меѓу нив, планирано е кадри на НБ да бидат гости предавачи на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Исто така предвидено е и централната банка да даде свој придонес во осмислувањето на новите студиски програми за монетарна политика, макроекономија и банкарство. Од друга страна, универзитетските професори и истражувачи, заедно со вработените од централната банка, ќе соработуваат на истражувања и анализи. Предвидени се и тркалезни маси, конференции, семинари и работилници и размена на информации за активности и настани организирани од домашни и меѓународни институции.

    „Секогаш е добро време за да му се посветиме на градењето на човечкиот капитал. Формалното образование игра значајна улога во подигнувањето на продуктивноста на една економија. Пренесувањето на практиката во образованието, како и постојаното учење низ професионалната кариера се од особена важност. За таа цел, централната банка, како институција којашто спроведува истражувачка и аналитичка работа, гради партнерства со образовните институции. Преку соработката со високообразовните установи, како Универзитетот на ЈИЕ, сакаме да постигнеме синергија, преку која нашите вработени ќе бидат поддршка за нивната основна цел ‒ образовната дејност, додека професорите од ЈИЕ ќе бидат поддршка во дел од нашите истражувања“, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

    „УЈИЕ е свесен за образовната и истражувачката улога во човечкиот и во општествениот капитал, ја одржува и ја развива сè поголемата посветеност за придонес во најважната и најпредизвикувачка компонента во моментов, онаа на човечките ресурси, не само во квантитативна смисла, туку пред сè во квалитативна, исто така и определување на неопходните профили со специфични знаења за пазарот на трудот. Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ со години практикува ангажирање гости предавачи од областа, особено со експерти од Народната банка, но денес постојната соработка ја официјализираме со конкретни активности, преку кои кадарот на Народната банка и академскиот кадар на УЈИЕ ќе дадат конкретен придонес за осмислување нови студиски програми за потребите на макроекономската политика, монетарниот и финансискиот систем. Тие ќе се изведат преку организирање состаноци, тркалезни маси, консултации и други форми на соработка. Ова уште еднаш сведочи за силната определба на Универзитетот за понуда на квалитетни студиски програми засновани на цврста анализа и поддржани од пошироката заедница и од релевантните институции во земјава“, посочува ректорот Беџети.

    Народната банка има потпишано меморандуми за соработка и со други универзитети, а отворена е за формализирање на соработката и со други образовни и научни установи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img