More

    Мелони: Италија ќе го зајакне своето економско присуство и инвестиции во Западен Балкан

    spot_img

    Италијанскиот премиер Џорѓа Мелони на собирот на клучни италијански министри и претприемачи во Трст информираше дека Италија одлучила да го зајакне своето економско присуство во безбедносниот важен Западен Балкан, со инвестиции во стратешките сектори на областа, не само во инфраструктурата, туку и во малите и средни претпријатија.

    Ѓорѓа Мелони во видеообраќање на состанокот „Италија и Западен Балкан – раст и интеграција“, истакна дека Италија со своето исклучително искуство кога е во прашање успешната работа на малите и средни компании. може да биде модел за компаниите од Западен Балкан.

    Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на оваа средба изјави дека проширувањето и инкорпорирањето на Западен Балкан во ЕУ е уште поважно, имајќи ја предвид геополитичката ситуација и војната што Русија ја започна против Украина.

    Вархеји посочи дека политичкото инкорпорирање на Западен Балкан во ЕУ може да успее само доколку се постигне преку социјална и економска интеграција.

    Италијанскиот премиер Мелони рече дека „таа е убедена дека италијанските фирми и компании можат да развијат заеднички бизниси и претпријатија во областа на трговијата и индустријата со партнерите од Западен Балкан… и успешно да работат заедно во безбедноста и заедничкиот раст“.

    Таа јасно стави до знаење дека тоа може да се случи само во европски рамки, со регионална интеграција која го отвора европскиот пат, со битка против корупцијата, криминалот, илегалната миграција и сузбивањето на секој облик на екстремизам.

    Западниот Балкан, истакна Ѓорѓа Мелони, е од стратешко значење за ЕУ ​​и Унијата треба да се потруди да ја вклучи оваа област во нејзиниот свет и вредности и да го стави проширувањето во регионот на Западен Балкан меѓу своите приоритети.

    Областа на Западен Балкан е важен регион за националната безбедност на Италија, соопшти таа.

    Еврокомесарот Вархеји им порача на италијанските претприемачи и банкари дека ЕУ почнала да го спроведува својот економско-инвестициски пакет за Западен Балкан, кој треба да достигне средства од близу 30 милијарди евра и нагласи дека италијанските компании можат многу корисно да се вклопат таму.

    Според него, клучно е компаниите од Западен Балкан да се приклучат на „синџирот на вредности“ на единствениот економски пазар и системот на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img