More

    Медиуми: Трамп ја закопа поранешната сопруга на теренот за голф поради даночни олеснувања

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја погреба својата неодамна почината поранешна сопруга Ивана на неговиот терен за голф во Њу Џерси, објавија американските медиуми, оценувајќи дека тоа го направил поради даночни олеснувања.

    „Нема да верувате, но Доналд Трамп можеби ја закопа Ивана на својот голф за даночно ослободување“, е насловот на американскиот магазин „Венити фер“.

    Медиумите објавија дека според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштата што се користат за погребување на починатите се ослободени од плаќање голем број даноци, меѓу другото за недвижен имот, наследство и приходи.

    Брук Харингтон, социолог на Универзитетот во Дортмут и автор на книга за начините на кои најбогатите избегнуваат да плаќаат даноци, рече дека „на почетокот била скептична во врска со гласините дека Трамп ја закопал својата поранешна сопруга“ поради даночни олеснувања, но дека по истражувањето Законите на Њу Џерси, таа се увери дека тие навистина го овозможуваат тоа и дека законот не одредува минимален број на погребани за да може да се примени олеснувањето, пишува Венити Фер.

    Таблоидот New York Post објави фотографии од осамен гроб во поле на имотот со мал епитаф: Ивана Трамп, 20 февруари 1949 година – 14 јули 2022 година.

    Ивана Трамп почина минатиот месец откако падна по скали, најверојатно откако се онесвести.

    „Њујорк пост“ уште во 2017 година објави дека Трамп добил дозвола за гробот на Ивана во близина на првата дупка на теренот за голф, но и за повеќе гробници што може да ги купи секој што сака да почива таму.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img