More

    Мегваер го удира Погба во глава сокопачка, навивачите се потсмеваат: „Се подготвуваше за тоа“!!

    spot_img

    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го искористија киксот на Тотенхем во 33. коло од англиската Премиер лига и се вратија во игра за освојување на четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

    Тие го совладаа последнопласираниот Норич со 3:2, а сите три гола на натпреварот ги постигна одличниот Кристијано Роналдо, кој со тоа стигна до 60. хет-трик во кариерата.

    Мегваер и Погба го одбележаа мечот
    Сепак, натпреварот го одбележа комичната ситуација во 60. минута кога Хари Мегваер со нога во глава го удри соиграчот Пол Погба и го повреди.

    Тоа се случи на пауза во гостинскиот шеснаесетник, а од силна желба што побрзо да дојде до топката, Мегваер ја крена високо ногата и го удри францускиот фудбалер во глава.

    Кога виде дека си ја раскрвави главата, Погба ги загуби нервите. Почна да мавта со рацете, мрморејќи си нешто во брадата, а го смири Кристијано Роналдо, кој само збунето гледаше што се случува.

    За среќа, се се заврши добро, Погба мина без повреда и мечот можеше да продолжи.

    Фановите се потсмеваат на Мегваер
    Но, затоа англиските навивачи уште еднаш се фатија за заби на силниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед кој трпеше остри критики на сметка на неговата игра во последните месеци.

    Така „ископаа“ сцена од почетокот на натпреварот каде што може да се види како Мегваер се загрева за натпреварот.

    Visoko je digao nogu, a navijači su to protumačili kao “zagrijavanje za veliki trenutak”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img