More

    МВР со детали за сообраќајката во која учествуваа владини возила

    spot_img

    Две лица се повредени во сообраќајката што се случи вчера во близаина на Владата, а во која учествуваше и возило во кое беа министрите за финансии и за економија Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

    Како што соопшти МВР, вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварите Илинден и Св. Климент Охридски се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т. (36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

    Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

    Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими синоќа преку Фејсбук соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.

    „Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Бесими на „Фејсбук“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img