More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 09.01.2023

    spot_img

    Денеска (09.01.2023) во 10.00 часот на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.П.(39) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело по член 193 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

    Денеска (09.01.2023) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.

    Денеска (09.01.2023) на ул.„Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Е.И.(28) од Штип. Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување на затворска казна. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

    На 08.01.2023 во 16.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 08.01.2023 околу 09.30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.П.(41) од Велес, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

    Денеска (09.01.2023) во 03.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 08.01.2023 во 22.55 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 08.01.2023 во 21.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 08.01.2023 во 12.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 08.01.2023 од 08.00 до 10.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот на 47-годишниот И.А. во тетовска Шипковица. При претресот, реализиран со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка, две рамки, 12 куршуми калибар 7,62 милиметри, 4020 евра и 300 франци, за кои постои сомнение дека биле фалсификувани. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 92 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

    На 08.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 20 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 5 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 3 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.

    На 08.01.2023 од 11.00 до 16.00 часот, тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно откриени и санкционирани се 23 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Три од пречекорувањата биле за повеќе од 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 44 прекршоци во населено место, како и 3 други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со соодветни парични глоби, а за оние кои пречекориле за повеќе од дозволеното ќе следи и времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

    На 08.01.2023 во 21.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Маково, кон с.Новаци, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Т,(27) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од коловозот. Во несреќата, А.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

    На 08.01.2023 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек-с.Стримница, пред влез за с.Стримница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.С.(55) од с.Челопек и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Н.И.(58) од с.Стримница, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И.(61) од с.Стримница, сопатничка од возилото кое го управувал Н.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Н.И. и малолетен сопатник од возилото кое го управувал И.С., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img