More

    МВР – извадок на дел од дневни настани 25.02.2022

    spot_img

    На 24.02.2022 во 20.00 часот на ул.„Гемиџиска” во Скопје, Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(61) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од четири години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

    На 24.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода А.С.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
    Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

    На 24.02.2022 од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода лишен е од слобода Е.Х.(31) од Скопје. За него била распишана потерница поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба” извршено на 15.02.2002 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје. Тој бил приведен во полициска станица, а при извршен службен разговор во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој го извршил, а украденото е вратено на сопственикот. За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по член  236 од Кривичниот законик.

    На 24.02.2022 во 22.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Ш.(22) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 25.02.2022 во 01.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 24.02.2022 во 12.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар привеле малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 24.02.2022 околу 21.15 часот на регионалниот пат во тетовско Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.И.(34) и Џ.И.(21) од ова село и А.П.(33) од Скопје, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.И., била пронајдена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 25.02.2022 околу 00.40 часот на ул.„Корушка“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Ц.(19), С.А.(21) и двајца малолетници, сите од Тетово, кај кои била пронајдена марихуана, која ја фрлиле од возилото „сеат ибица“, со тетовски регистарски ознаки, со кое се превезувале. Се расчистува и документира случајот по што ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик.

    СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) и А.Н.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените, во текот на 2016 година, во својство на директор и секретар во Јавната здравствена установа „Општа болница“ во Охрид, на вработен во болницата му издале решение за неплатено отсуство, а потоа донеле незаконито решение со кое претходното решение за неплатено отсуство се става вон сила, за што оштетениот не бил известен. По негово недоаѓање на работа во текот на три последователни работни денови, пријавените донеле одлука со која на оштетениот му го раскинале договорот за вработување. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле фондот на ЈЗУ„Општа болница“ Охрид за износ од 883.648 денари, кој треба да му го исплати на оштетениот со правосилна судска пресуда.

    На 24.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 33 прекршоци, од кои 2 надвор од населено место и 31 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци сторени од страна на  пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 44 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 33 други видови на прекршоци, од кои 16 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за недавање првенство на пешаци, 1 за користење мобилен телефон и 9 за непрописно паркирање.

    На 24.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават  пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани и санкционирани 28 прекршоци (Велес 18, Кавадарци 6 и Неготино 4).

    На 24.02.2022 во периодот од 11.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 17 прекршоци (8 во Струмица, 6 во Радовиш, 2 во Валандово и 1 во Гевгелија) од кои 15 биле за преминување улица надвор од пешачки премин. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 24.02.2022 во 18.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека  на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Плинарата, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, со гостиварски регистарки ознаки, управувано од З.Н.(44) од гостиварско Здуње и патничко возило „опел астра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.К.(51) од Дебар. Во несреќата, возачот Л.К. и сопатничката С.К.(20) се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца други сопатници, сите од Дебар, се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

    На 24.02.2022, при сообраќајни контроли спроведени од 11.00 до 16.00 часот, полициските службеници затекнале 23 пешаци кои надвор од пешачки премин преминале коловозна лента (Охрид-08, Струга-07, Кичево-07, Дебар-01). Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 24.02.2022 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница помеѓу  ул.„Крушево“ и ул.„Питу Гули“ во Битола, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.И.(62) од Битола, удрило во велосипед управуван од С.С.(52) од Битола. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од екипа СВР Битола.

    На 24.02.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.К.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Русински“ бил каснат од куче скитник.

    На 24.02.2022 во 16.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница од ,,Василевска Крстосница“, товарно возило „сканија“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(45) од Богданци, удрило во велосипед, управуван од двајца малолетници од Струмица. Во несреќата еден од малолетниците се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img