More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 31.01.2023

    spot_img

    На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци.

    На 30.01.2023 околу 20.50 часот во парк на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(21), М.Р.(20) од Тетово и К.Г.(22) од Република Косово затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 30.01.2023 на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле  од слобода А.Ј.(25), В.Т.(24), М.Т.(25) и К.Џ.(21), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

    На 30.01.2023 во 23.35 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.И.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 30.01.2023 во 19.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила…

    Во текот на вчерашниот ден (30.01.2023) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив, 53 на територијата на СВР Охрид, 21 на територија на СВР Тетово…

    На 30.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 29 прекршоци, од кои 16 во населено место и 13 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  Истиот ден, во периодот од 07.00 до 11.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои што вршат непрописно престигнување. За време на контролата биле санкционирани 5 прекршоци. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 3 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола,  2 за возач почетник, 1 за користење мобилен телефони и 1 за прекршок сторен од пешаци.

    На 30.01.2023 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена и акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Заради престигнување на забранети места биле санкционирани 21 возач (ТЕ-13 и ГВ-8). При контролата биле санкционирани и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

    На 30.01.2023 во 09.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник.

    На 30.01.2023 во 08.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче скитник.

    На 30.01.2023 во 16.00 часот во СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, Х.К.(41) од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img