More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 30.01.2023

    spot_img

    На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при кражба од плац на правно лице во с.Кривогаштани. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Денеска (30.01.2023) во 02.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.В.(37) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 29.01.2023 во 08.00 часот на место викано „Три круши“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(34), Д.Д.(22) и И.С.(34), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 29.01.2023, со наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово извршиле претрес во домот на Н.С.(63) од с.Чифлик, пехчевско. При претресот биле пронајдени и одземени една пушка „Steur M95“ со дрвен кундак и една воздушна пушка со калибар 4,5 со дрвен кундак, кои ги поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (29.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 689 возачи. Од нив 45 возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 307 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возач почетник…

    На 29.01.2023, во периодот од 10.00 до 15.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. За време на контролите полициските службеници затекнале и санкционирале 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18, Струга-48, Кичево-05, Дебар-09).

    На 29.01.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 71 пречекорување на брзината, од кои 26 на подрачје на Струмица, 17 на подрачје на Радовиш, 15 на подрачје на Валандово и 13 на подрачје на Гевгелија. Во 36 случаи брзината била пречекорена надвор од населено место, а во 35 случаи во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 29.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 69 прекршоци, од кои 35 во населено место и 34 надвор од населено место. Од нив, 27 на подрачјето на Штип, 18 во Свети Николе, 9 во Кочани, 5 во Виница, 4 во Делчево, 3 во Берово и 3 во Пробиштип. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.

    Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со спроведување акциски контроли во чие средиште се различни видови прекршоци. Изминатиот викенд (28/29.01.2023 ), при контрола спроведена во ноќните часови на тетовско-гостиварското подрачје, биле откриени и санкционирани 8 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол (ТЕ-4 и ГВ-4), а 1 (ГВ) одбил да се алкотестира. Сите прекршители биле веднаш исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, со кои е предвидена парична глоба од 250 до 400 евра во денарска противвредност и заштитна мерка-времено одземање на возачите дозволи од три месеци до една година. Во овој период, исто така, спроведена е и акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани 23 возачи (ТЕ-16 и ГВ-7), а кои престигнувале на забранети места. Покрај тоа, во двете контролни активности откриени се и 19 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-6).

    На 29.01.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, А.Н.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.

    На 29.01.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ била касната од куче скитник.

    На 29.01.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img