More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 20.01.2023

    spot_img

    На 19.01.2023 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б.. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на А.М., при што бил пронајден и одземен хероин. Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

    На 19.01.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.П.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 19.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 19.01.2023 во 09.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на излез од државата, при извршена пасошка контрола на Х.Ф.(22) од Р.Албанија е констатирано дека престојувал повеќе од 90 дена во изминатиот период од 180 дена. Тој бил приведен поради пречекорен престој во државата и предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

    На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П.(21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е Јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

    На 19.01.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Аеродром, О.Ј.(24) од Скопје пријавил дека во с.Долно Лисиче бил каснат од куче скитник.

    На 19.01.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Карпош, К.Н.(65) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ бил каснат од куче скитник.

    Во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол…

    На 19.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 19 прекршоци, од кои 14 надвор од населено место и 5 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 5 други видови на прекршоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img