More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 18.01.2023

    spot_img

    На 17.01.2023 во 12.40 часот на паркинг во цента0рот на Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Е.К.(34) и О.Р.(39), поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. При преглед кај нив се пронајдени повеќе предмети кои биле користени при извршување на кривичното дело, како и предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 17.01.2023 во 23.55 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 18.01.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 17.01.2023 во 20.25 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 17.01.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 17.01.2023 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Прилепска“ во Битола, ги лишиле од слобода С.К.(36) и А.Т.(19) од с.Долно Оризари, битолско, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (17.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 156 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.

    На 17.01.2023 во 12.30 часот на ул.„Св.Наум Охридски“ во Прилеп патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(19) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во прилепската болница. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

    На 17.01.2023 во 16.10 часот во Полициската станица Центар А.В.(48) од Скопје, пријавила дека во кругот на Комплексот клиники “Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.

    На 17.01.2023 во Полициската станица во Неготино, Д.П.А.(38) од Неготино пријавила дека нејзиниот дедо Б.П.(87) од Неготино на градскиот плоштад во Неготино бил каснат од куче скитник.

    На 18.01.2023 во Полициската станица во Велес, А.Г.(45) од Велес пријавил дека на ул.„Ангел Мишев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

    На 17.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 13 во населено место и 10 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

    На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела. Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека истите се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (17 јануари) околу 20 часот и 55 минути, во тетовска Мала Речица, со судска наредба го лишиле од слобода 37-годишниот Х.Е. од ова село за издржување на едногодишна затворска казна, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово.

    На 17.01.2023 во 15.00 часот пријавено е дека во Штип на ул.“Гоце Делчев“ патничко моторно возило “форд фиеста“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(35) од с.Стар Караорман-штипско, удрило во С.С.(48) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…

    На 17.01.2023 во 14.20 часот било пријавено дека во Кочани на ул.“Крижевска“ моторцикл “јамаха“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.М.(35) од Кочани, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од Полициската станица Кочани.

    Вчера (17 јануари) околу 10 часот и 30 минути, во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба ја привеле 25-годишната Е.М. од ова село за издржување затворска казна. Е.М. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје.

    Вчера (17 јануари) околу 21 часот и 30 минути, на улица „Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец Е.Е. затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (17 јануари) околу 18 часот и 15 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(23), Е.Л.(18)., Ф.Р.(20) и 17-годишник од Тетово, како и Е.Д.(22) од тетовско Бозовце, кај кои била пронајдена марихуана. Сите се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 18.01.2023 во 00.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка- Тетово во близина на селото Лисец, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(20) од с.Копаница-скопско, излетало од коловозот. Во несреќата, малолетен сопатник во возилото се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img