More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 17.01.2023

    spot_img
    На 16.01.2023 во 13.25 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.П.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
    На 16.01.2023 во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп. При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
    Во текот на вчерашниот ден (16.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 238 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.
    На 16.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 13 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за непрописно вградени заштитни фолии и 2 за непрописно паркирање.
    На 16.01.2023 во 18.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ѓ.(35) од Скопје пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.
    Полициски службеници на СВР Тетово вчера (16.01.2023), на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, го привеле 58-годишниот Д.Б. од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребил туристичкиот престој, односно на подрачјето престојувал спротивно на целта. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
    На 16.01.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.А.(44) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.
    На 16.01.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, В.М.(55) од Скопје пријавил дека во населбата Радишани бил каснат од куче скитник.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img