More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 11.01.2023

    spot_img

    На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил извршен службен разговор со М.З.(62) од с.Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 мм. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 233 од Кривичниот законик.

    На 10.01.2023 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(39) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари. По наредба на Основен суд Струмица бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ѓ.А. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 10.01.2023 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Е.(25) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.01.2023 во 17.50 часот во Полициската станица Кичево, И.К.(43) од Кичево пријавил дека на булевар „Ослободување“ во Кичево била каснат од куче скитник.

    На 10.01.2023 во Полициската станица Велес, И.Т.(49) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

    На 10.01.2023 во 21.10 часот во СВР Тетово, Н.С.(50) од Тетово пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 10.01.2023 во 17.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ц.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.01.2023 на крстосницата од улиците „Мице Козар“ и „Круме Волнароски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.П.(32) од Прилеп и Е.И.(30) од с.Алданци, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.01.2023 во 20.20 часот на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Б.(18) од с.Никуштак, липковско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 11.01.2023 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Ј.Ш.(22) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 10.01.2023 во 12.28 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д.(66) од Куманово, со живеалиште во Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во евиденцијата било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

    Во текот на вчерашниот ден (10.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

    Во текот на вчерашниот ден (10.01.2023) во областа на сообраќајот на подрачјето на СВР Штип изречени се вкупно 28 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 8 санкции, 2 мерки за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 8 за непрописно паркирање.

    На 10.01.2023 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Пирок-Жеровјане, во Пирок, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од 64-годишниот Г.С. од Пирок и патничко возило „фолксваген голф“, што го управувала 21-годишната М.Ј. од истото село, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, Г.С. и М.Ј. се здобиле со тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „голф“, Ч.Н.(21) од тетовско Слатино со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

    На 10.01.2023 околу 15.35 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Е (32) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50) од Велес. Во несреќата К.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. По овластување на Јавен обвинител, увид на место извршила увидна екипа од СВР Велес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img